Mлади од Битола, Прилеп, Новаци и Могила, добија обука од областа на документарната продукција (Фото галерија)

Обуки од областа на документарната продукција се одржаа во Битола во рамките на проектот „Младите за мир преку филмска уметност“, кој го имплементираат граѓанските организации “Граѓански Патеки“ и “ИКТ Свет“.

Во обуките се вклучија 16 млади луѓе од Битола, Прилеп, Новаци и Могила. Младите од различно етничко и културно потекло заедно ќе работат на продукција на документарен филм, за што ќе добијат соодветна обука и менторска поддршка од искусни професионалци.

Целта на проектот е јакнење на капацитетите на младите од различно етничко потекло за промовирање меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата преку активности засновани на уметност и меѓукултурни иницијативи.

Проектните активности се насочени кон развивање вештини кај младите за граѓански ангажман преку филмска уметност и зајакнување на свеста дека уметноста е моќна алатка за меѓукултурна комуникација, меѓусебно разбирање, развивање чувство на заедништво и припадност, јакнење на довербата и интеграција.

Проектот е поддржан од Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд како дел од проектот „Градење нови мостови” на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.