Mладите шампиони на Победа ќе сменат 7 авиони и 4 автобуси за да стигнат на првиот натпревар од Лигата на шампиони во С. Ирска

Mладинскиот тим на Победа минатата сезона ја израдува фудбалската јавност во Прилеп, откако ја освои титулата во домашното првенство, а трофејот на младите фудбалери им донесе шанса да настапат во младинската Лига на шампиони.

Во воведниот натпревар Победа ќе се соочи со младинскиот шампион од Северна Ирска, екипата на Колерајн, а првиот натпревар од двомечот се игра на гостински терен.

Екипата на младите црвено-бели ќе се состои од 24 члена, а патувањето е закажано за понеделник. Победашите ќе треба да сменат дури 7 авионски летови и 4 автобуси за да пристигнат во Северна Ирска. Звучи неверојатно, но вистината е таа.

Нам ни останува да им посакаме само среќа и да се надеваме дека одново ќе не’ израдуваат со добар резултат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.