Младата машка ракометна репрезентација до 21 година стартуваше со победа на Светското првенство во Алжир.
На колена е Русија, која нашите момчиња ја прегазија со резултат 29:22 (10:11 на полувремето).
Одличната игра во второто полувреме, поточно во последната четвртина од времето, ја доведе Македонија до овој блескав триумф.
Во групата Ц, каде се натпреваруваат нашите млади момци, покрај Русија се уште и: Шпанија, Тунис, Бразил и Буркина Фасо.
Маркукуле ексклузивно од Алжир доби и победничка фотографија после одиграниот меч со Русија.
НАПРЕД МОМЦИ!!!!
А/Г/