Mладите прилепски велосипедисти освоија второ и трето место на Меѓународната трка во Илинден (ФОТО)

Општина Илинден традиционално по 11-ти пат беше организатор на велосипедска трка која последниве години стана и меѓународна.

Велосипедскиот Клуб & Сервис “ИЛИНДЕН” – Прилеп настапи со двајца свои членови Андреј Maџоски и Константин Костоски.

Двајцата извозија добро на захтевната патека и под тешки времеснки услови, со оглед на високите температури. Андреј го освои третото место во категорија до 15 години, а Константин второ место во категорија до 13 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.