Девојките од Боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна рака” од Прилеп се покажаа во најдобро можно светло на интернационалниот турнир, кој се одржа во Пореч, Хрватска.
Тамара Цветкоска се закити со сребро, а Ангела Трајкоска освои трето место. Со овие успеси девојките од Прилеп го продолжуваат континуитетот на освојување на медали од сите натпреварувања каде ќе се појават, како на домашен, така и на меѓународен терен.
Девојките сега ќе се подготвуваат за интернационалниот турнир “Крали Марко”, кој на 10.06.2023 година ќе се одржи во Прилеп, а организатор е БК “7-ми Мај-Златна рака”.