Mладиот Македонец продолжува да гази низ цела Германија: Уште еден светски медал во неговата витрина

Нашиот кик боксер Виктор Димовски – Taмпес, повторно го освои првото место на Светското првенство во поинт фајт.

На Светското првенство што се одржа во Нордхон Германија од 18 до 20 октомври, во организација на светската WFMC организација, учествуваа борци од целиот свет.

Велешанецот кој живее во Франкфурт Виктор Димовски, имаше повеќе борби.

Во елиминациите ги победи борците од Бразил, Германија, Франција и Англија, а во финалната борба го победи борецот од Полска и го освои златниот медал на ова Светско првенство.

Честитки за Виктор и му посакуваме уште многу успеси.

За потсетување малиот Димовски неодамна стана четирикратен светски првак на Светското првенство во Дизелдорф.

Млад Македонец растура на светско ниво: Виктор стана двократен светски шампион, а ќе атакува на уште два медали (Фото)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.