Во неделата на 12.06.2022, во организација на Велосипедската Федерација на Србија и Велосипедскиот клуб Шид, се организираше меѓународна велосипедска трка под името ”Ulicama Save Šumanovića”, која се одржува по 22-ри пат.
На трката учество зедоа велосипедисти од Унгарија, Хрватска, Босна, домаќинот Србија и единствениот клуб од Македонија ВК и Сервис Илинден од Прилеп.
Прилепчани настапија со четворица свои возачи, и тоа во категоријата У15 со Константин Костоски и Младен Петрески и во категоријата кадети со Андреј Маџоски и Никола Ристески.
Константин Костоски го освои првото место, а Младен заврши на седмата позиција. Во кадети Андреј заврши на деветтото место, а Никола трката ја заврши на седумнаесеттото место.
Младен и Никола се првпат годинава на меѓународни трки и ја исполнија замислата на тренерот Драган Димитријоски, a Aндреј имаше одлична трка и докажа дека се враќа во форма пред идните предизвици.