Екипата на Пелистер го засили офанзивниот дел со Марио Наумоски. 22-годишниот фудбалер настапува како втор напаѓач, може да игра десно крило и како офанзивен играч за врска, а во Битола се пресели од редовите на Победа.
Денес Бобан Бабунски првпат ги свика фудбалерите за стартот на подготовките, па по тој повод своите први импресии ги сподели и Наумоски.
Пелистер за пролетниот дел од сезоната се засили со Марио Наумоски, 22-годишниот фудбалер од Прилеп кој настапува како втор напаѓач и десно крило, а во редовите на зелено-белите доаѓа од Победа.
Со тоа Наумоски му се придружи на Бобан Бабунски кој клупата на Победа ја замени со таа на битолчани.
„Знам што значи Пелистер, со каква традиција и историја е, па чест ми е што ќе настапувам во овој клуб. Целта ни е иста на сите, треба да се избориме за влез во ПМФЛ и да се задржиме таму. Го познавам овој кадар, имам играно со дел од соиграчите. Ова е квалитетна екипа, сплет на околности доведе да се загубат бодови во првата полусезона, ама сметам дека со добра игра може да се стигнат ривалите“, вели Наумоски за “ГОЛ.МК”.