Mлада пијанистка од Прилеп е на пат да стане врвен уметник – Ваква изведба досега не сте виделе (ВИДЕО)

Фото: Маја Aргакијева

На концертот “Младите доаѓаат” кој во петокот се одржа во Македонската филхармонија, под диригентската палка на ЛЕ ФИ ФИ, настапија повеќе ученици од државните музички училишта.

Еден од најзабележителните настапи го имаше младата пијанистка од Прилеп, Александра Гическа, која настапи како солист на пијано и го изведе концертот за пијано број 2, прв став од Камил Сен Санс.

Гическа е ученик во средното музичко улилиште во Битола и досега има освоено голем број награди и признанија.

Нејзината сериозност и посветеност кон професијата е нешто што не може да се забележи кај далеку поискусни пијанисти.

Уживајте:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.