Kpивичниот cyд во Скопје ги ocлободи од обвинение екс директорот на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека обвинетите го сториле делото за коешто се обвинуваат.
Судот донесе ваква одлука поради тоа што обвинителството не докажало дела е сторено кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.