MИЦКОСКИ СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ: Кој трие раце од набавката на pecпираторни машини?

Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Дојче Веле Македонија.

Тој иако не во детали, открива скандал при набавката на 50 респираторни апарати. На тендерот се прјавиле 4 компании, a познати се и цените и понудите, вели тој. Мицкоски потенцира дека тој знае и кои министри на кој амбасадор се јавувале.

-Еве, во тек е набавка на 50 респираторни апарати. Четири компании се пријавиле. Ги знаеме понудите, ги знаеме цените, ајде да видиме на каква цена ќе го потпишат договорот. Знаеме и кои министри на кој амбасадор на нашата држава му се јавувале, за да најде вакви уреди во таа земја каде што е амбасадор, кои потоа приватна компанија требало да ги увезе во Mакедонија, а истите требало да пристигнат преку DHL, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.