“Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев и нема назад. Сега е тоа време, време е за акција. Ова не е битка за ден или за два, ќе трае подолго и свесен сум дека ќе се обидат со подмолни удари да не поткопаат, да не обесхрабрат. Но ќе ви ветам дека сигурно ќе ги победиме и нема алтернатива, дури и оние новите нивни поддржувачи кои што застанаа рамо до рамо со нив од вчера.
Сите заедно на купче ќе ги победиме! Борбата ќе биде нерамномерна и тешка, ама ќе победиме. И затоа таа победа ќе биде уште по велика, по голема. Затоа што ќе ја оствариме со заеднички сили, и споделен успех.
Зората ќе дојде, а ние сме искрата која што ќе ја донесе таа зора.
Зората ќе го разбие мракот!
Зората ќе ги победи црнилата!
Зората ќе донесе успех!
Зората ќе изгрее за секој еден од вас!
Зора која ќе донесе ново утро, нова надеж, добрина и подобри времиња за Македонија и сите граѓани на нашата мила татковина!
Ова е зора за Македонија, мора да бидеме сите заедно, еден до еден, рамо до рамо и јас ви ветувам дека победата сама ќе дојде по себе.
Се гледаме многу скоро во некој од градовите во Република Македонија, се гледаме и овдека пред платото на Владата на Република Македонија.
Да живее Република Македонија!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
#МакедонијоНапред ??
#МакедонијаЌеПобеди ??” – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христина Мицкоски на Фејсбук после денешниот протест пред Владата.