Mицкоски одново со факти ја разобличи неспособната Влада (ВИДЕО)

Владата на Република Македонија предводена од Зоран Заев продолжува да ве лаже. После еуфоричното најавување на зголемувањето на просечната исплатена нето плата во првиот месец од 2018-тата година, демантот стигна веќе во следниот месец а тоа е вториот месец од 2018-тата година, каде што просечно исплатената нето плата доживува екстремен пад, истакна во своето видео обраќање Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека екстремниот пад се должи на неспособноста на владата и неуспехот на владините економски политики.

-Нема поголем доказ за економското цунами на владата од падот на просечната нето исплатената плата. И официјално просечната плата од 500 евра е лажно и недостижно ветување на премиерот Заев и владата. Розевата слика за која говори премиерот Заев и економските министри не постои, таа е лажна. Доказ за тоа е дијаграмскиот приказ на нето исплатена просечна плата во Република Македонија во првиот и вториот месец. Оваа компаративна анализа кажува дека просечно нето исплатената плата во вториот месец е за 867 денари помала од таа што била исплатена во првиот месец, или е намалена за цели 3,6 проценти, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека вртоглав пад се забележува и во неколку други клучни сектори а тоа можеме да го забележиме веќе на следниот слајд каде што се компарирани два клучни сектори и тоа секторот рударство и секторот уметност, забава и рекреација.

-Во секторот рударство просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е помала за 9,9 проценти, а во секторот уметност, забава и рекреација просечната нето исплатена плата во вториот споредена со првиот месец е за цели 26,4 проценти помала. Анализиравме и други три клучни сектори кои што можете да ги видите на следниот слајд, каде што сее дадени секторите земјоделие, транспорт и снабдување со електрична енергија. Просечната нето исплатена просечна плата во вториот месец во секторот земјоделие е за цели 6,11 проценти помала споредено со таа во првиот месец. Истото се случува и во секторот снабдување со електрична енергија, имаме намалување на просечно исплатената нето плата за цели 6,3 проценти споредено втори со први месец 2018-тата година. Истото се случува и во секторот транспорт каде што имаме помала исплатена нето плата во вториот споредена со првиот месец во 2018-тата година за цели 11,7 проценти. Ова директно ќе влијае на падот на стандардот на вас. Тоа значи дека се намалува вашата куповна моќ и дека вие осиромашувате. Животот станува се потежок, а владата нема план. Ова мора да престане, вели Мицкоски.

Тој посочува дека и покрај катастрофалната ситуација на економијата и покрај катастрофална цунами економска политика, граѓаните на Република Македонија е треба да губат надеж.

Доаѓа ново утро, доаѓа нов дух, нова енергија, доаѓа нова надеж за Република Македонија!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.