Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на состанок со Општинскиот Комитет во Аеродром.
“Претесна беше салата каде што вечерва одржав состанок со членовите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.
“Чуму нас ни е се друго, ако немаме држава”- оваа мисла преовладува кај секој еден граѓанин со кој имам средба.
Граѓаните чуствуваат дека државата им е заробена, дека им е одземена, дека пропаѓа сето она што е со децении градено, иднината полека им бега од рацете, а се отвора еден неповратен процес на пропаѓање.
Несигурноста е насекаде, а предизвикот кој се роди, само за 10 месеци власт, е борбата да ја сочуваме државата. Наша е задачата, наша е борбата да ја поразиме оваа криминогена и неспособна влада. Тие не знаат како, но ВМРО-ДПМНЕ ги има одговорите и решенијата.
Македонија е многу повеќе од она што секој ден ни се продава од власта, поделбите кои ги прават, понижувањата кои ги спроведуваат, теророт кој го практикуваат. Македонија е чесниот народ кој бара и заслужува подобра иднина” – напиша Мицкоски на Фејсбук.