Mицкоски на отварање на новиот општински комитет во Прилеп како на митинг: Огромен број прилепчани му приредија громогласен пречек (ФОТО+ВИДЕО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше присутен на отварањето на новите простории на Општинскиот комитет во Прилеп.

Голем број симпатизери и членови на партијата, но и такви кои се разочарани од политиките на актуелната власт, му приредија громогласен пречек на Мицкоски и го поздравија со овации и аплаузи.

Мицкоски се обрати пред граѓаните и ги потенцираше штетните ефекети кои произлегуваат од Договорот помеѓу Македонија и Грција и порача дека се она што граѓаните го слушаат последните денови низ медиумите блиски до актуелната Влада, “е само последен крик пред катастрофата која ќе им се случи”.

“На 30-ти ќе победиме”, порача Мицкоски и додаде прилепчани рано утрото на референдумското изјаснување да го послушаат срцето и да донесат правилна одлука.

Прилепчани извикуваа “Бојкот, бојкот….”, “ВМРО, ВМРО, ВМРО…”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.