Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку Фејсбук најави пpoтecт за Гоце Делчев во среда
“Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите.
Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови.
Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.
Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат.
Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР.
Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ.
Гоце е црвената линија за нашето достоинство.
Се гледаме!”, напиша Мицкоски.