Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук напиша дека владиното мнозинство не ја примило граѓанската иницијатива за одложување на пописот.
-Владиното мнозинство не ја прими граѓанската иницијатива за одложување на пописот кој е очигледен фалсификат. Изговорот е дека не постоела институцијата Собрание на Република Македонија. Кој се плаши и бега од сопствениот народ срамно завршува.На утрешната седница на Централниот комитет ќе предложам да отпочнеме со собирање на граѓански потписи во градовите и селата. Никој не победил народ. Ќе ги имаме потписите од пратениците и потписите на народот, напиша Мицкоски, кој во објавата споделува и допис од Собранието.
Тој го објави и дописот со кој претседателот на Собранието го известува за одбивањето и на истиот со маркер е пречкртано „северна“.