Mицкоски: “Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата”

(Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски)

“Она што Зоран Заев го нарекува “одлична надворешна политика”, за граѓаните и за нашата држава преставува распродажба на националните и државни интереси.

Не е поентата да се биде актуелен во регионот по тоа што се попуштило, или отстапило, туку суштината е да се биде актуелен во сопствената земја застапувајќи ги државните и национални интереси.

А во изминатот период владата стана актуелна по попуштањето, но не и по одбраната на интересите, па се изроди закон за јазици кој е неуставен и хаотично однесување без концепт во поглед на спорот со јужниот сосед.

Народот вели ако се среди сопствениот двор, тогаш може да се збори и за соседниот. А сликата за Македонија е далеку од розева.

И она што премиерот вели дека е “свесен за некои пропусти во домашната политика” за граѓаните е хроничен хаос во секое поле и област што е директна последица на неспособноста да се менаџира со домашната економија, да се креираат реформи и унапредат состојбите, но и неспособност да се реализира ветеното.

Ќе потсетам дека оваа влада велеше дека има темелна анализа за состојбите и пред да дојде ветуваше живот, но тој никако да стигне.

Имаме африканизација и уназадување на Македонија во однос на сите критериуми, не само во поглед на демократијата и усовршениот политички терор на власта, туку и во здравството, образованието, науката, студентскиот стандард и младите, земјоделието, економијата.

Опасното е тоа што принципите на работа на Заев во Струмица стануваат и принципи на работа во цела Македонија, тоа што во државата се случуваат десетици случаи на “Цареви Кули, Глобал, фамилијарни или пријателски тендери, 200.000€ по принципот евро за евро, живи луѓе ќе јадеме и сл..” и тоа не е нешто за фалење.

Граѓаните се повеќе сваќаат колку е сериозна ситуацијата и колку многу се пропушта да се направи. Зборот никако да се преточи во дело. Македонија се буди и многу скоро ќе каже стоп за овие погубни политики на владата”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.