Mицевcки: 3aконите од петтиот ceт економcки мepки се блокиpaни од CДCM и Д У И

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека бил одбиен нивниот предлог да се закаже посебна седница за да се разгледаат законите за финанансиските мерки поврзани со корона-пандемијата, а на седницата да учествуваат за да поминат и законите од петтиот пакет мерки.

Кооридинаторот Никола Мицевски на прес-конференција рече дека предложиле на посебна седница да бидат одделени и ставени: Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата; Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, февруари и март 2021 година; Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата од КОВИД-19 заради исплата на платите за февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Како што рече, тоа го предложиле откако денеска на редовната координација станало јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на утрешната седница, а со цел да им се помогне на граѓаните и на стопанството зашто роковите за законите се одамна поминати.

– Законите од овој таканаречен петти сет на економски мерки не се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, тие се блокирани од СДСМ и ДУИ. Нашиот предлог експресно беше одбиен. Денес стана јасно кој блокира во собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза. Додека смртните случаи од коронавирусот се зголемуваат и власта е крајно неспособна да обезбеди вакцини, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните и наместо да работат за нив и за стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин да избегнат одговорност и да ја обвинат опозицијата, рече Мицевски.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, власта и пратениците на СДСМ го користат овој пакет закони бидејќи знаат дека немаат кворум што е, рече, нивна обврска.

-Сакаат да ја искористат опозицијата да им обезбеди кворум и на утрешната закажана седница да протуркаат штетни закони за кои треба да се дебатира, бидејќи сметаме дека се штетни за граѓаните и државата, рече Мицевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.