Според некои, тоа се живи организми, големи црви или морски змии кои до сега не биле откриени.Жителите на Чукотскиот полуостров често забележуваат необични суштества на својот бред. Оваа година после силно невреме пронашле нешто што на почетокот личето на морска змија, но се воспоставило дека во прашање е нешто сосема друго.
Со кафеава боја, голам глава и долго тело, го привлекле вниманието на морнарите од товарните бродови, кои поминуваат во должина на Берлинговото море.
Според некои, тоа се живи организми, големи црви или морски змии, кои до сега не и биле познати на јавноста, пренесува bigpicture.ru.
Други тврделе дека во прашање е некоја врста на мутанти. Малкумина погодиле дека се работи за алги.
Nereocystis Luteke е претставник на фамилијата на алгите. Долги се и до 25 центиметри, а кон врвот се шират.
На врвот имаат балон со пречник од 20цм. Во горниот дел исто така имаат и неколку кратки гранчиња.
И покрај тоа што се големи тие се појавуваат еднаш годишно. Започнуваат да растат во февруари и март, а потоа се одделуваат од тлото во ноември и декември.
Можат да се појават на длабочина од 20 метри, а кога ќе се одделат од тлото патуваат преку Тихиот Океан.
А/Г/