Mислевте дека нам ни е ладно? Погледнете како изгледа најстуденото место во светот каде е измерена температура од -71 степен (ВИДЕО)

Руското село Ојмјакон е најстуденото населено место на светот во кое во зима температурите паѓаат до -60 степени целзиусови, а во лето понекогаш се креваат на +30.

Селото во источниот дел на Сибир, на брегот од реката Индигирк, и припаѓа на руската покраина Сакха (од главниот град Јакутска е оддалечено дури 21 час возење со автомобил), а неговите жители се среќни кога температурите ќе се кренат на -35 степени.

Најниската измерена температура во ова место изнесува -71,2 степени, а ако ви е за утеха, ветерот ретко дува, а годишните врнежи од дожд изнесуваат 200 милилитри на метар квадратен, пишува Дејли Мејл.

Од друга страна, во лето температурите се искачуваат над 20 степени, а највисоката во ова село е забележана во 2010 година, кога живата на термометарот покажала 34,6 степени целзиусови.

Просечната годишна температура изнесува -15 степени.

Со оглед на фактот дека тлото се замрзнува до огромни длабочини, Русите кои живеат таму имаат проблеми со изградбата на одвод, па тоалетите им се сместени надвор од куќите.

Користењето на мобилен телефон во зима е речиси невозможно, затоа што надвор тие замрзнуваат во џебовите, а оние кои во гаражите немаат греење, автомобилите мораат да ги запалат од вечерта и да ги остават да работат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.