Mинистерот Велковски оствари посета на центрите за социјална работа во Прилеп и Крушево, и одржа средби со пензионерите (ФОТО)

При посетата на Центарот за социјална работа Прилеп се разговараше и се разменија идеи како да го смениме и подобриме системот за социјална заштита. Детектирани се системски недостатоци како и во цела Македонија и тоа ќе биде приоритет за корекција во наредниот период. Центарот се соочува и со зголемен број на предмети и намален број на вработени. Во крушевскиот центар разговаравме за актуелните состојби со исплатата на гарантираната минимална плата и просторите проблеми кои ги има центарот – информираше техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски.

На средбите со пензионерите во Прилеп и Крушево беше истакнато дека за првпат по 1945 година излегоа на протести во градовите низ Македонија и го дигнаа својот глас за она што им следи како луѓе коишто ги ставиле темелите на оваа држава. Не се живее со 100 денари на ден, велат пензионерите – стои во соопштението на социјалните мрежи.

„Несистемските мерки коишто на пензионерите им даваат статистичко порамнување на пензиите, се средства со коишто еден пензионер не може да го помине месецот знаејќи колку се покачени цените на производите. Затоа сме и на терен, да ги детектираме работите за да можеме да дадеме реална поддршка и на локалните самоуправи и да обезбедиме подобри услови за сите граѓани“, истакна Велковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.