Mилошоски изнесе уште еден важен факт за референдумското гласање: Бројот на овие гласачи значително намален!

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Драстично намалената бројка на болни/изнемоштени избирачи кои се пријавени за гласање во домашни услови (споредено со Локалните избори 2017та), покажува дека и покрај сите притисоци, и покрај скапата пропаганда, оние граѓани кои со негласање ќе изразат револт кон власта и Договорот, ќе бидат побројни од оние кои ќе гласаат:

Референдум 2018/ локални 2017

К. Вода 6 / 25; Битола 28 / 208; Велес 14 / 250; Гостивар 14 / 194; Градско 14 / 40
Берово 32 / 124; Св. Николе 44 / 150; Ресен 36 / 68; Карпош 21 / 51; Кичево 30 / 270; Брвенца 0 / 25; Росоман 10 / 41; Пехчево 19 / 56

Затоа бидете сигурни дека ќе успееме, за правото на Република Македонија, секој од Вас со својата самодоверба, за честа на вашиот род, за достоинството на нашиот народ!
#Бојкотирам”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.