Македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Црна Гора (0-1) во вториот пријателски меч кој се одигра во Анталија, иако во првите 45 минути имаше неколку шанси за да постигне барем еден гол.
Селекторот Благоја Милевски реши да направи три промени во однос на мечот со Молдавија, а Македонија во првото полувреме беше поконкретна во нападот и се закани неколку пати кон голот на Шаркиќ.
Најопасен во нападот на Македонија беше Елиф Елмас, кој ја имаше најголемата шанса во 12. минута од мечот, но Шаркиќ одлично го одбрани неговиот удар и ја зачува мрежата на Црна Гора.
Црногорците до водство стигнаа дури во 45. минута кога топката ја зафати искусниот репрезентативец Стеван Јоветиќ и ја испрати во мрежата на Столе Димитриевски.Македонија направи неколку промени во второто полувреме, но не вродија со плод, па резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот.
Нашите репрезентативци претходно ремизираа против Молдавија (1-1) во првиот тест во Анталија.