Милан е повторно апсолутен хит на фудбалскиот пазар. Новите сопственици на “росоњерите” започнаа со доведување на големи фудбалски имиња, а после доаѓањето на Гонзало Игуаин, се подготвува уште еден голем трансфер на Сан Сиро.
Италијанските медиуми пренесуваат информација дека Милан е во преговори со бразилскиот репрезентативец Бернард, на кој договорот со Шахтјор Доњецк му истекува ова лето.
“Кориеле дело Спорт” вели дека 25-годишниот играч е голема желба на новиот спортски директор на Милан, Леонардо. Наводно Леонардо веќе одржал преговори со претставниците на играчот, а понатамошните преговори се договорени за крајот на неделава.
Бернард бара 4-годишен договор, а барањата поврзани со висината на платата не се познати. Исто така, за услугите на Бернард заинтересиран е и Челзи, меѓутоа “Кориеле дело Спорт” вели дека токму Милан е во предност.