Во текот на изминатото деноноќие (30/31.10.2020) на територијата на Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 761 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Koвид-19.
Од министерството информираат и дека во текот на вчерашниот ден (30.10.) продолжиле со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 409 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 57, 46 за неисправни и нерегистрирани возила, 55 мерки за неносење сигурносен појас и 89 мерки за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.