MВР со детали за трагедијата која утрово се случи на патот Прилеп-Ресен: Возач изгоре во своето возило откако се судрил со сканија

Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки.

При несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено. Увид извршила екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.