Mалиот херој со ЛАВОВСКО срце: Марко го преплива Охридското Езеро за 8 ипол часа, а првата изјава која ја даде е “БЕШЕ ЛЕСНО” (ВИДЕО)

Марко Пејчиновски вчера го преплива Охридското Езеро и ја воодушеви целата македонската јавност која и денес е под импресии од подвигот на младото момче.

После големиот подвиг очекувано беше воодушевен, но истакна и дека не му било премногу тешко да се справи со водата во Охридското Езеро.

12-годишниот Пејчиноски направи голем подвиг препливувајќи ја маратонската патека во должина од 30 километри од Свети Наум до охриското пристаниште.

Пејчиноски вчера пливаше во тешки услови и по немирни води, но тоа не му пречеше да ја оствари својата цел.

Ако се знае дека имал како дете инфаркт на долните екстремитети, овој подвиг на младиот охриѓанец е навистина за почит.

ВИДЕО: “Оhridnews.com”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.