Фото – Фејсбук
Македонската млада ракометна репрезентација го направи невозможното. Младите херои ја поразија Турција со 20 разлика (39:19) и ќе патува на Светското првенство во Алжир.
Македонија има нови ѕвезди, ракометот во Македонија има иднина и страшен потенцијал и во иднина.
Откако Португалија победи против Полска со 34:21, на нашите ракометари им остана да победат со 19 гола разлика за да се најдат на врвот на табелата и да обезбедат пласман на Светското првенство.
Нашите ракометари тргнаа храбро, одлучно и мотивирано. На полувремето резултатот беше 22:13, а во второто полувреме се градеше резултатот и разликата растеше. Па така во еден момент Македонија водеше и со 21 гол разлика.
Ова ќе биде трет пласман на младата репрезентација на Светско првенство, после настапите во 1997 во Турција и 2007 во Македонија, сега повтортно по 10 години пауза ќе се најдеме на големото натпреварување.
СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ!