Mурго си бил умен и си добил куќарка и “летна бавча”: Во Прилеп има луѓе со големи срца (Фото)

Поминувајќи случајно низ зградата од спротива на поранешната фабрика Солидност во Прилеп, наидовме на едно великодушно дело.

Покрај фризерскиот салон “Јоцо фризер” има поставено куќарка и легло за куче по име Мурго.

Мурго во моментот не го начекавме дома, а со оваа објава веруваме дека на вакво хумано дело ќе натераме и други луѓе, да го сторат истото за бездомните животни кои за жал ги има многу низ Прилеп.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.