Mорничавото предупредување на Папата за човештвото: Кога ќе ги прочитате неговите зборови ќе видете дека е во право!

Папата Фрањо предупреди денеска дека на човештвото му се заканува самоубиство доколку дојде до  нуклеарена војна, мислејќи на тензиите помеѓу Северна Кореја и САД и зголемената можност за нуклеарен судир.

Токму заканата за нуклеарни конфронтации помеѓу САД и Северна Кореја ќе биде главна тема на конференцијата на Ватикан, на која ќе бидат присутни 11 добитници на Нобеловата награда за мир, највисоки претставници на Обединетите нации и НАТО, како и амбасадори од клучни земји.

Папата Фрањо, при посетата на луѓето кои ја подготвуваат конференцијата закажана за 10 и 11 ноември, рекол дека на човештвото му се заканува самоубиство доколку дојде до нуклеарна војна.

Папата, исто така, инсистирал на тоа Вашингтон и Пјонгјанг да го прифатат процесот на помирување, а во април оваа година рекол дека добар дел од човештвотот ќе биде збришен од земјата, доколку би дошло до конфликт околу Корејскиот полуостров.

Тој би требало да се обрати пред присутните на отварањето на конференцијата. Помеѓу говорниците ќе биде и Масако Вада, кој ја преживеал атомската бомба во Нагасаки и од тогаш стана голем заговорник на нуклеарното разоружување.

 

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.