Ресенчанецот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа, по седум дена возење трицикл низ Македонија, попладнево пристигнува во Охрид.
Малкумина веруваа дека може! Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски беа сигурни дека ќе успеат, и се осмелија да тргнат на пат од околу 600 километри. Од Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, и Струга, денеска ќе пристигнат во Охрид. Се очекува на Охридското пристаниште да пристигнат нешто по 16 часот.
Утре Васил јанкула преку Галичица ќе го затвори кругот околу земјата и ќе пристигне во Ресен.