Mладиот фудбалер на Победа Лука Трајкоски, со нов повик во У-17 репрезентацијата

18893234_1217478995029826_7900875037018716085_n

Младиот фудбалер на ФК Победа Лука Трајкоски, доби нов повик за настап во репрезентацијата на Македонија за играчи до 17 години.

По настапите во двете победи на пријателските натпревари со Романија минатата недела, Трајкоски е повикан од страна на селекторот Добринко Илиевски и за следната репрезентативна акција.

Репрезентацијата на Македонија У-17 (играчи родени 2000-та година), на 14-ти јуни (следната среда), во унгарскиот град Капошвар, ќе одигра пријателски фудбалски натпревар против соодветната Репрезентација на Индија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.