Фото: Маја Aргакијева
На концертот “Младите доаѓаат” кој во петокот се одржа во Македонската филхармонија, под диригентската палка на ЛЕ ФИ ФИ, настапија повеќе ученици од државните музички училишта.
Еден од најзабележителните настапи го имаше младата пијанистка од Прилеп, Александра Гическа, која настапи како солист на пијано и го изведе концертот за пијано број 2, прв став од Камил Сен Санс.
Гическа е ученик во средното музичко улилиште во Битола и досега има освоено голем број награди и признанија.
Нејзината сериозност и посветеност кон професијата е нешто што не може да се забележи кај далеку поискусни пијанисти.
Уживајте: