Mицкоски му ја честиташе победата на Наумов на изборите во САД, а то возврати: “Ние сме Република Македонија и ништо друго”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил му го честиташе изборот за судија на Фил Наумов, Македонец кој победи на изборите во градчето Ричард Каунти, близу до градот Мејнсфилд, во сојузната држава Охајо.

Наумов ги победи своите ривали: републиканецот Ендру Кларк и независната кандидатка Кели Бандел, освојувајки притоа 51,7% од гласовите. Локалните медиуми јавија дека Наумов заплакал од радост кога ги слушнал резултатите од изборите.

Инаку тој работи во локалниот суд веќе 25 години, и на овие избори го замени претходниот судија Џејмс Де Вис, кој по 28 години мораше да замине во пензија.

“Почитуван судија Наумоф, Phil Naumoff for Common Pleas Judge,

Со особена чест и задоволство, во името на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам изборот за судија, искрено посакувајќи ваш понатамошен успех и просперитет, како на професионален така и на приватен план.

Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам мојата особена гордост што еден Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското.
Би сакал лично да упатам покана до Вас, да ја посетите нашата држава. Сигурен сум дека имаме заеднички теми за кои што би разговарале и сфери од заемен интерес, кои што би можеле во иднина заеднички да ги истражуваме и реализираме
.
Денес Република Македонија се наоѓа на крстосница од која зависи нејзината иднина. Имаме моментум каде неодговорни политичари напаѓаат врз достоинството и честа на нашата држава, име кое сакаат да се смени, економија која се уништува, образовен систем во кој не се инвестира, здравство кое се уништува, култура која се запоставува.

Нашиот концепт, концептот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја развиваме Македонија како земја на среќни граѓани, Македонија земја со силна економија, интегрирана и рамноправна со другите европски држави и народи.

Посакувајќи Ви добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, почитуван Судија, изразите на моето највисоко почитување”.

Наумов во коментар му возврати на Мицкоски за честитката:

“Ви благодарам за добрите зборови. Би било чест да се сретнам со вас и да разговарам за иднината на нашата сакана Македонија. Мојата личност е тука срцето е таму”, напиша тој, а на еден коментар од граѓанин додаде:

“Ние сме Република Македонија и ништо друго”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.