Mихајловски: “Поблиску до бездната не сме биле од 1912. Ако во минатото сме дозволиле да станеме земја без свој народ, да не дозволиме во иднина да станеме народ без своја земја”

(Фејсбук статус на Тони Михајловски)

“Македонија ќе знае, како и на кој начин, да одговори каде се гледа себе во иднината, за никој повеќе да не се посомнева и да ни поставува вакви подмолни и лажливи прашања и трилеми кои навистина, не заслужуваат одговор. Секој Македонец индивидуално ќе може на 30.09 да даде одговор по сопствена воља и убедување без никој да влијае на тоа.

Ќе има секакви одлуки. Некои ќе гласаат за. Така одлучиле.Некои ќе гласаат против. Некои ќе одлучат, дека нема да гласаат. Ќе победи вољата на мнозинството. Каква и да биде, таа ќе треба да се почитува. Искрено, се сомневам дека оваа власт ќе почитува било што. До сега таков доказ не сме виделе. Но оној што не го почитувал народот, и не траел долго. Или, траел толку колку што почитувал.

ВМРО-ДПМНЕ била, и ќе остане партија која секогаш се залагала за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ. Но, за разлика од СДС, на Република Македонија. Не на Ничија Земја северно од Македонија. Земја без име, идентитет, историја, култура, минато и иднина. Таква земја може да биде, ништо. И може да влезе, никаде. Од едноставна причина. Ништото не постои.

Овој договор, овој прирачник за самопоништувње, нас не претвора токму во тоа. Во ништо. Поблиску до бездната не сме биле од 1912. Овој договор е анекс на договорот кој тогаш укинал, поделил и забранил.
Ако во минатото сме дозволиле да станеме земја без свој народ, да не дозволиме во иднина да станеме народ без своја земја. Да научиме нешто од лошото минато, за да можеме да создадеме подобра иднина. Од нас зависи. Од секој од нас”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.