Петтото издание на “Балканската колонија на ракотворци” во Битола беше шанса и за прилепчанецот Емил Димоски, професор по математика и физика во ООУ “Добре Јованоски”.
Макети, дрвени куќарки, слики беа дел од триесетината творби на овој навистина инспиративен човек, чии творби ги фасцинираа посетителите на овој настан.
Неговата изложба насловена како “(НЕ) ЗАБОРАВ” беше претставена на отворањето на оваа манифестација во ликовната галерија “Магаза”.
Емил Димоски за изработка на своите дела користи оригинални материјали од прилепското поднебје. Тој собира камчиња, дрвца, плитари, ќерамиди, односно сѐ што се наоѓа во околината што нѐ опкружува.