Новиот италијански министер за внатрешни работи и лидер на “Лигата”, Матео Салвини им порача на мигрантите дека е време да си одат од Италија.
“Бесплатното возење е завршено. Време е да ги спакувате вашите работи”, рекол Салвини на еден собир во северна Италија.
Салвини во неделата ја презеде должноста министер и рече дека негова прва задача, како нов министер за внатрешни работи на Италија, ќе биде обновувањето на имиграциската политика на земјата.
Новата италијанска влада, предводена од “Лигата” и Движењето пет ѕвезди, во саботата положи заклетва, и со тоа западна Европа ја доби првата популистичка влада, пренесува “АП”.
Инаку, Салвини сака да го намали бројот на мигранти, повеќето да ги истера од земјата и да ги намали фондовите кои Италија ги издвојува за овие луѓе.