Вечерва заврши деветтото издание на најмасовниот турнир во мал фудбал во државата “Св. Никола” во Прилеп, кој како една вредна традиција го започна претходната локалната самоуправа предводена од доскорешниот градоначалник Марјан Ристески.
Изминатите 15 дена беа исполнети со многу фудбал кој го прикажаа 43-те екипи кои зедоа учество.
Големото финале како и изминатите години, и вечерва предизвика најголемо внимание кај прилепската спортска јавност.
Во него се сретнаа екипите на “Марфил” и “Зоки 2006”. Натпреварот на разочарување на публиката не изобилубаше со многу погодоци, па еден гол во мрежата на “Зоки 2006” беше доволен фудбалерите на “Марфил” да го освојат трофејот.
Во натпреварот за трето место играа екипите на “Волци” и победникот од 2015 година, “Мите Транс”. “Волците” во овој натпревар беа погладни за победата и победија со 4:2.