MВР заедно со родители им појде на младите по кафулиња и паркови во Охрид (Фото)

Синоќа (16.07.2022) Секторот за внатрешни работи Охрид ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од Секторот за образование при локалната самоуправа како и на Центарот за социјални работи, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на кампањата е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Кампањата, овој месец ќе се спроведе и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.