MВР бара пpитвop: Еве каква казна му се заканyва на пејачот Ламбе Алабакоски

Против пејачот Ламбе Алабаковски кој е осомничен за пожарот во Центарот за култура „Иван Михаилов“ полицијата поднесе кривична пријава по член 288 став 1 од кривичниот законик.

Станува збор за кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена затворска казна

– Тој којшто со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејство или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години, стои во став 1 од членот 288 од Кривичниот законик.

Откако беше објавено името на Ламбе Алабаковски како сторител пожарот во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов” во Битола, неколку познати адвокати доброволно се пријавија да го бранат на суд.

Адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук објави дека тој и неговиот колега Јанаки Митровски јавно се пријавуваат бесплатно да го бранат пејачот Ламбе Алабаковски што наиде на позитивни реакции од нивните следбеници на социјалните мрежи, со оглед на тоа што, според извори, пејачот во полиција дал исказ дека „чинот го сторил од патриотски причини“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.