Mакедонија се ceли за Велигден во Грција: Километарски колони на граничниот пpeмин Богopoдица

Граничниот премин „Богородица“ изутринава е преплавен со автомобили кои чекаат за излез од Македонија кон Грција.

Продолжениот викенд поради велигденските празници, голем дел граѓани ќе го поминат надвор границите на државата. Времето на чекање за да се помине граница е и по повеќе од еден час.

Граничарите ги пропуштаат граѓаните во 5 колони. Поминувањето оди бавно, а редицата на моменти е километарска.

Според АМСМ ова е единствениот граничен премин каде е забележана гужва од утринава. На Табановце, Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.