LADA NIVA ќе добие нова верзија во 2018год, радикално променета и осовремена

Lada-Niva-615x346

Познатата руска машина Лада Нива, ќе добие своја нова верзија во 2018 година. Рускиот теренец кој се произведува речиси 4 децении уште од 1977 година, е светски познат по својата издржливост и трајност. Имено фабриката планира оваа година да развие посовршена верзија на веќе постоечкиот модел, а новата верзија да излезе во есен 2018 година. Името на новата верзија ќе биде Niva 3, и ќе биде дизајниран во две верзии, со 3 и со 5 врати.

lada-niva-2015-7

4caa91e976d32e8c3f2908a2581e35b7

Карактеристично ќе биде и тоа што и двата модели ќе имаат доста голем багажник. Новиот модел ќе добие и посилен мотор според шпекулациите кои доаѓаат од рускиот произведувач. Сепак новиот модел нема да значи прекинување на производството на стариот. Аvto VAZ планира да ги произведува и продава двата модела истовремено.

А. Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.