Каj раскрсницата во село Велушина, битолско, вчера полициски службеници ја пронашле 50-годишната Б.В.Ф.Т. од Куба, која живеела без документи за идентификација во земјава.
По извршените проверки било констатирано дека престојувала кај нејзиното момче во Прилеп, но илегално влегла во Република Македонија. Б.В.Ф.Т. е приведена во полициска станица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.