Извадоци од полицискиот билтен на МВР
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“.
На 12.07.2024 на крстосница на ул.„Прилепски бранители“ и бул.„Гоце Делчев“, пријавениот не застанал на знак за запирање, по што со возилото кое го управувал удрил полициски службеници додека извршувале службени дејствија и им нанел повреди.
Исто така, СВР Битола поднесе кривична пријава и против Г.Ц.(40) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 18.07.2024 по претходно констатиран сообраќаен прекршок пријавениот на социјална мрежа, упатувал заканувачки пораки на полициски службеник.