Кривичниот суд ги одбил сите останати 25 барања на Јавното обвинителство за обвинетите во врска со настаните од 27-ми април. Дел од обвинетите се враќаат во затвор, дел во куќен притвор.
– „Судот ги одби или делумно ги уважи барањата на Јавното обвинителство. Со тоа важат претходните мерки за кои одлучи Врховниот“, велат од судот.
Крсто Муковски и Сашо Василевски остануваат во куќен притвор. На нив Врховниот суд пред два дена им го замени затворскиот притвор со домашен.