Компанијата “Комфи Ангел” од Прилеп важи за една од компаниите кои знаат што значи општествена одговорност, па така и за време на огнената стихија која деновиве се закануваше да го проголта манастирот Трескавец, поголем број вработени од оваа компанија се приклучија кон гаснење на пожарот и спречување огнените јазици да му наштетат на вековното светилиште на прилепчани.
Генералниот менаџер на компанијата Ирена Јакимоска лично им се заблагодари на вработените кои несебично се вложија и се бореа со огнот кај Трескавец.
Во “Комфи Ангел” повеќе од една година еднаш месечно се одржува лотарија, преку која се наградува по еден работник со значителна сума на пари, па така компанијата упати честитки до Стоисавлевиќ Слободан кој е новиот добитник на наградната лотарија за овој месец.
А/Г/