Пред катедралата Св. Стефан во центарот на Виена поставен е транспарент на кој е насликан нашиот капитен Кире Лазаров во спартанска облека.
“Кирил Велики”, пишува на транспарентот кој го красни центарот на австриската престолнина.
Според информациите 3.000 македонска фаланга на трибините вечерва ќе ја бодри Македонија во првиот дуел од Европското првенство против Украина.