Што се однесува до протколот и процедурите кои мораат да се испочитуваат после повикувањето на член 9, претседателот Путин ги повикал министерството за одбрана и министерството за внатрешни работи да почнат со сите припреми за проценување на опасноста и делувањето, со цел да се заштити Русија и нејзините граѓани во потенцијалните воени зони.
Во Кремљ кружи извештај на министерството за одбрана дека Кина по прв пат во последните 15 години се повикала на член 9 на Кинеско-Рускиот договор за пријателство, известувајќи ја Русија дека започнала “офанзивно/дефанзивно” воено делување со цел да се заштитат клучните национални интереси, што исто така уклучува и поставување на подморници близу до западната обала на Пацификот.
Според овој извештај, Кина се повикала на член 9 на наведениот договор пред 24 часа откако што претседателот на Кина Си Џи Пинг, го предупредил претседателот на САД Барак Обама, дека Кина цврсто ќе го брани својот суверенитет и своите права во Јужнокинеското море.
Членот 9 на договорот за пријателство наведува: “Во случај да дојде до ситуација во која, во било која од страните на договорот ќе се смета дека мирот и националните интереси на таа држава се загрозени, или дојде до соочување со закана на агресија, двете страни моментално ќе одржат преговори за елиминирање на таквите закани”.
Во званичните документи пратени до претседателот Путин, кинеските власти навеле дека клучните интереси на Кина се загрозени заради:
- Секојдневните воени провокации против Кина од страна на САД во Јужнокинеското море.
- Можноста да Хилари Клинтон, која се закани со војна против Кина и која е најомразената жена во Кина, стане претседател на САД.
- Можноста да Доналд Трамп, кој не ја исклучил можноста за војна против Кина, стане претседател на САД.
- Дирекните закани за нуклеарна војна против Кина од страна на Северна Кореја, САД и нивните сојузници.
Истовремено, Кина покренала еден економски потег против САД и нивните сојузници со тоа што воведе нов даночен систем за сите прекуокеански трговии, што американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да го направи доколку стане претседател.
Се наведува дека Кина исто така се припрема за војна поради тоа што поставува единици кои ќе ги евакуираат нејзините граѓани од евентуално зафатените територии по потреба, но и поради тоа што воспоставила огромна воена база во Африка, од каде планира да спречи американска агресија на Блискиот исток и дека планира да постави нуклеарни проектили со најголем домет во светот.
Она што е потполно неверојатно е дека американските граѓани воопшто не знаат за овој договор, ниту за можниот конфликт кој би можело да прерасне во Трета светска војна.
A.Г.