Kилометарски колони вечерва во Прилеп: “Нема да им дозволиме да ја продаваат државноста и нашите херои” (Видео)

Прилепчани и вечерва во огромен број се одзваа на повикот за протест од ВМРО-ДПМНЕ.

Километарска колона со автомобили се создаде низ прилепските улици, а граѓаните бараат оставка на премиерот Зоран Заев, поради како што велат пазарџиската и сервилна политика во договорите со Бугарија.

Ова е втор протест во Прилеп после интервјуто на премиерот за бугарската “БГНЕС” каде тој истакна дека Бугарија не била окупатор во Втората светска вojна, туку администратор.

Од партијата велат дека протестите ќе продолжат и во наредниот период, се додека оваа, како што велат, предавничка власт не падне.

“Револуционерната и Народноослободителната борба се втемелени во нашата државност и никако не смееме да дозволиме потпишување на нови парчиња хартија, со кои ќе се избрише, или деградира жртвата и делото на стотици и стотици паднати борци.

Затоа денеска повторно го организираме овој масовен протест, со цел да и покажеме на оваа предавничка власт дека Македонија и Македонците се живи, се борат и ќе се изборат за своите правдини!

Сега е моментот да го изразиме нашиот револт за да не биде предоцна! Сега е моментот кога ни треба обединување за спас на Македонија и спас на борбата на нашите предци”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.